Турски авион за евакуација бил погоден од огнено оружје при слетување во Катрум

Турски авион за евакуација бил погоден од огнено оружје при слетување во воздухопловна база во Катрум, главниот град на Судан, потврди турското Министерство за одбрана. Во инцидентот нема повредени, а авионот слетал безбедно. Суданската војска ги обвини паравоените борци за пукање во авионот и оштетување на системот за гориво.

Паравоените сили за брза поддршка (РСФ) го негираат ова, велејќи дека се придржуваат до продолжениот прекин на огнот.

Турскиот министер за одбрана рече дека ќе продолжат операциите за спасување на турските граѓани од Вади Сеидна и Порт Судан на Црвеното Море.

Од почетокот на судирите пред две недели, стотици луѓе беа убиени, а десетици илјади беа принудени да ги напуштат своите домови.

Борбите го уништија главниот град Картум и околните населби, каде што до неодамна живееја околу 10 милиони луѓе, додека многумина останаа без вода, храна и гориво.

Треба да знаете
Последни објави