Хет-трик на Бензема, триумф за Реал против Алмерија

Реал Мадрид ја победи Алмерија со 4-2 и се врати во победнички ритам по очајното издание на гостувањето кај Џирона. Играч на натпреварот беше капитенот Карим Бензема кој постигна хет-трик.

Французинот во петтата минута го отвори резултатот, во 17.минута зголеми на 2-0, а во 42.минута комплетираше хет-трик.

Алмерија намали на 3-1 во 45.минута преку Лазаро.

Во второто полувреме, Родриго погоди во 47.минута за четврти погодок на „кралевите“, а Робертоне го постави конечниот епилог.

Треба да знаете
Последни објави