Колоната автомобили кон Охрид почнува од патарината кај Гостивар

Охрид втор ден се полни со викенд туристи, кои продолжениот првомајски викенд ќе го поминат во туристичкиот центар. Километарска колона со возила има од последната патарина кај Гостивар кон Кичево. Гужви има и по Кичево, па се до Охрид. Охриѓани веќе најавија дека очекуваат многу поголема посетеност на градот отколку за велигденските празници.

Во претходните денови, хотелиерите посочија дека најголем дел од капацитетите им се резервирани односно исполнети. Во градот освен домашни туристи, има и групи од странство дојдени со тур-оператори.

Терасите на кафулињата, рестораните, кејот денеска се полни.

Треба да знаете
Последни објави