СДСМ со граѓаните на Делчево и Карбинци: Го зголемивме износот на студентскиот оброк и воведовме авансна исплата на субвецнии за земјоделците

Како дел од караванот на СДСМ „Рамо до рамо до победа” денеска меѓу граѓаните на Карбинци беа Благица Павловска и членот на комисијата за земјоделство на СДСМ, Гоце Георгиевски. 

Георгиевски пред присутните посочи дека Владата на СДСМ како никоја претходно вложува во во сите гранки на земјоделството и покажува вистинска грижа за сите земјоделци, истакнувајќи дека за прв пат од оваа година започнува авансна исплата на субвенциите кон земјоделците. 

Во општина Делчево на средби со граѓани беа Славица Грковска и претседателот на СДММ Марко Михаилоски. 

– СДММ и СДСМ заеднички реализираат мерки во интерес на младите. Воведовме субвенциониран студентски оброк за сите студенти, што сега е со зголемен износ, обезбедивме 10.000 и 20.000 евра грантови за младите земјоделци, а оние млади до 23 години возраст кои работат во производство добиваат дополнителен додаток на плата од 3.000 денари. Правиме се за малдите да останат овде и овде да ја градат својата иднина, порача Михаилоски.

Треба да знаете
Последни објави