Зеленски: Русија е како голем колач, не можеме да го проголтаме целиот

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, го спореди конфликтот со Русија со колач што мора да се „подели“ на парчиња бидејќи „не може да се проголта цел“.

„Конфликтот со Руската Федерација е како колач: не можеме сето тоа да го изедеме – ќе се удавиме. Тоа е голема земја, голема територија“, рече тој во интервју за украинските медиуми.

Според Зеленски, одбранбениот систем што го изградила руската армија на линијата на поделба за шест месеци е добро подготвен и миниран.

„Ќе биде голем предизвик да се пробие“, рече Зеленски.

Треба да знаете
Последни објави