Лориен го посрамоти ПСЖ на „Паркот на принцовите“

Францускиот гигант Пари Сен Жермен пак се избламира со шестиот пораз сезонава во Лига 1, откако Лориен го освои „Паркот на принцовите“ со тирумфот со 3-1, па Олимпик Марсеј доби шанса да се врати на минус пет во трката за титулата на пет кола до крајот на сезоната.

Ашраф Хакими за 20 минути направи црвен картон, па на Лориен му ја олесни работата, а Ле Фе најави изненадување со гол во 15-та, па Килијан Мбапе израмни со урнебесна грешка на голманот на гостите во 29-та, но Лориен ја врати предноста шест минути пред полувремето со гол Јонгва, за печат на триумфот да стави на две минути пред крајот на мечот со гол на Диенг.

ПСЖ остана на 75 бода по 33 меча, а Марсеј е на 67 пред вечерашниот меч со Оксер. Лориен, пак, дојде до 48 бода на 10-то место на табелата.

Треба да знаете
Последни објави