Некогаш најдобриот светски фудбалер Роналдињо, светски првак со Бразил од 2002 година, освојувач на „златната топка“ и европски првак со Барса во 2006 на крајот на годинава стартува со Светска лига во – уличен фудбал.
Идејата е уличниот фудбал да заживее буквално во секој голем град, а на почеток секое малку талентирано дете да објавува клипови од своите фудбалски вештини за да се придружи на некој од уличните тимови, а потоа ќе почне да се игра лига низ градовите и сите екипи ќе се натпреваруваат за титулата – првак во Роналдињо Гаучо Светска лига.
Најдобрите, пак, ќе стѕанат дел од глобалниот тим на Роналдињо во уличен фудбал
„Ова е шанса која се овозможува еднаш во животот, а ова е начин да се поддржат фудбалери за иднината. Светската лига стартува кон крајот на годинава“, рече Роналдињо.
Засега нема точно детали каде сѐ ќе се игра светската лига во уличен фудбал.