Филаделфија без Ембид на стартот од полуфиналниот плејоф против Бостон

 Најдобриот стрелец сезонава во НБА лигата Џоел Ембид е неизвесен за првиот натпревар од вториот круг во разигрувањето против Бостон, изјави денеска тренерот на Филаделфија, Док Риверс.

Дваесетидеветгодишниот Камерунец го пропушти последниот тренинг на Филаделфија поради повреда на десното колено.

Иако Сиксерси имаа најмногу одмор меѓу рунди, тоа можеби не е доволно за да се врати нивната ѕвезда. Ембиид е неизвесен за првиот натпревар, но може да пропушти уште повеќе натпревари, а ако и се појави на реренот можеби нема да може да одигра најдобро што може дури и ако се врати.

Ембид се повреди на третиот натпревар од првото коло во плејофот против Бруклин.

Сезонава Ембид има просек од 33.1 поени и 10.2 скокови по натпревар. 

Првиот натпревар од серијата се игра на 2 мај во 1.30 часот по средноевропско време.

Треба да знаете
Последни објави