Баерн го искористи киксот на Борусија и повторно е лидер

Екипата на Баерн Минхен многу потешко од очекувањата ја совлада последнопласирната Херта со 2-0. Со оваа победа Баерн Минхен се искачи на врвот на табелата со поен предност пред Борусија Дортмунд, по контроврзниот меч вчера и кикс против Бохум (1-1).
Од Борусија сметаат дека се оштетени од судиите за два недосудени пенали, во 64-тата и 90-тата минута. Судиите гледаа ВАР, но одлучија дека нема пенал и во двете ситуации.

Резултатот беше отворен дури во 69-тата минута, кога Гнабри прецизно стрелаше во голот на Херта.
Конечните 2-0 за Баерн Минхен беа дело на Кингсли Коман во 79-тата минута од мечот.
Следното коло Баерн Минхен ќе му гостува на Вердер Бремен, додека Борусија Дортмунд на домашен терен ќе го пречека составот на Волфсбург.

Треба да знаете
Последни објави