Бањаја победи во Херес и поведе во Мото ГП шампионатот

Возачот на Дукати, Франческо Бањаја е победник на денешната Мото ГП трка за Големата награда на Шпанија во Херес.Италијанскиот мотоциклист ја постигна втората победа сезонава за време од 39 минути и 29.085 секунди.

Бањаја славеше во финишот на трката, а зад себе го остави Јужноафриканецот Бред Бајндер од КТМ (0,221 секунди заостанување). Третата позиција ја зазеде друг возач на КТМ, Австралиецот Џек Милер (1.119).

Трката беше нарушена со инцидент во првиот круг помеѓу Фабио Квартаро од Јамаха и возачот на Априлија, Мигел Оливеира, што резултираше со прекин.

Во генералниот пласман води Бањаја со 87 бодови, возачот на VR46 тимот Марко Бечеки падна на второто место со 65 бодови, додека трет е Биндер со три бода помалку.

Шампионатот во Мото ГП продолжува на 14 мај со Големата награда на Франција во Ле Ман.

Треба да знаете
Последни објави