Фудбалерите на Динамо Загреб на теренот на најлутиот ривал, Хајдук Сплит, ја освоија титулата во хрватскиот шампионат.
На стадионот „Пољуд“ Хајдук и Динамо одиграа без голови и тимот од Загреб со освоениот бод, ја освои титулата бидејќи на четири кола до крајот има 12 бода предност пред лутиот ривал. Ова е 23-та шампионска титула за Динамо Загреб од 1992 година па досега.
За старо-новиот хрватски шампион, целиот натпревар го одигра капитенот на македонската репрезентација, Стефан Ристовски.