Интер со луда победа над Лацио, Наполи со победа станува шампион

Интер се намачи, но успеа да стигне до 3:1 победа над Лацио на „Сан Сиро“, отварајќи можност Наполи попладнево да ја потврди својата трета титула во историјата со победа над Салернитана. Додека во Неапол навивачите беа излезени на улиците од утрото, Лацио се закани дека ќе ја расипе „забавата“ откако имаше водство од 1:0 до 78. минута од мечот.

Во мечот кој започна со посебна посвета за македонската фудбалска легенда на Интер, Горан Пандев, неговиот поранешен клуб Лацио дојде во водство преку Фелипе Андерсон во 30. минута, а гостите доминирааа во првото полувреме и можеа да имаат водство од неколку гола разлика.

Но, „нераѕурите“ се разбудија во финишот на мечот со две асистенции на Ромелу Лукаку – прво до Лаутаро Мартинез во 78. минута, а потоа во 83. минута преку Робин Госенс. Трите поени ги осигура Лаутаро со вториот гол на мечот во 90. минута.

Покрај важноста на мечот за исходот за титулата во Италија, за Интер поените се важни во борбата за пласман во топ 4 – Лацио остануваат втори со 61 поен, додека Интер сега се четврти со 37 поени, колку што зад нив имаат и Милан и Рома.

Треба да знаете
Последни објави