ОБСЕ/ОДИХР: Кампања за локалните избори во Албанија со умерени тонови, право на глас имаат над 3,6 милиони граѓани 

Набљудувачката мисија на ОБСЕ/ОДИХР за локалните избори во Албанија во својот извештај за првите две недели од изборната кампања оценува дека таа досега била со „релативно скромен и умерен тон”.

Мисијата се  задржува и на бројот на кандидатите, каде меѓу другото забележува дека вкупно 40 партии и коалиции со 144 кандидати за градоначалник и околу 23.700 кандидати за совети на општините конкурираат за 61 место за градоначалник и 1.603 места за членови насоветите.Од вкупниот број  двајца се независни кандидати за градоначалник и десет за општински совети.

– Само 15 од 144 кандидати за градоначалник се жени. Четириесет кандидати се уште се на разгледување од страна на Јавното обвинителство и се чека конечната одлука за нивно прифаќање. Во единствениот избирачки список запишани се 3.650.550 лица со право на глас, стои меѓу другото во извештајот.
Препорака е доследно да се користат средствата одобрени ид буџетот за активности на партиите.

Инаку според Централната изборна комисија од буџетот,  за активности на политичките партии одобрени се над 97 милиони лека. 

– Распределени се на 14 политички партии. Најмногу доби Социјалистичката партија 42,8 милиони, Демократската 24,9 и Партијата на слободата 15,5 милиони лека. Фондот важи само 30 дена( време на кампања) и доколку не се искористи ќе треба да се врати во државниот буџет, стои во објава на веб страната на ЦИК.

Треба да знаете
Последни објави