Сопругот ја распарчил зашто имала афера: нови детали за случајот со Србинката Ана Волш

Новообјавените фотографии покажуваат дека обвинетиот убиец Брајан Волш купува пила и големо количество средства за чистење и фрла тежок отпад во канта само неколку часа откако неговата сопруга родена во Белград, Ана Волш мистериозно исчезна.

Заматената црно-бела снимка од надзорот покажува дека 47-годишниот трговец со уметнички дела носи заштитна маска додека складирал голем број предмети како кофи, пили, џогери, кеси за отпадоци и средства за чистење, се вели во соопштението на обвинителите во случајот.

Друго видео од надзорот покажува како Волш фрла голема црна кеса во ѓубрето пред станбена зграда во Масачусетс, пишува Дејли мејл.

Фотографиите се најновиот доказ против Волш, кој е обвинет дека до смрт ја претепал својата сопруга Ана во нивниот дом во Кохасет, потоа ја распарчил, ги ставил посмртните останки и ги фрлил во неколку контејнери на почетокот на јануари. Телото на 39-годишната мајка на три деца се уште не е пронајдено.

Полицијата вели дека има многу посредни докази кои го поврзуваат Брајан Волш со злосторството на новогодишната ноќ, како што се овие видеа, нејзината облека што тој наводно ја фрлил и пребарувањата на Google, за кои велат дека биле извршени за да се научи како да се фрлаат тела.

Обвинителите тврдат дека Брајан ја убил Ана, агент за недвижнини, откако ја открил нејзината афера.

Според судски документи, Ана Волш наводно го поминала Денот на благодарноста во Даблин со мистериозен љубовник. Нејзиното неидентификувано момче ѝ кажало на полицијата дека биле во врска неколку месеци.

Ана Волш исчезнала на 1 јануари, а дека нешто и се случило било откриено четири дена подоцна кога нејзиниот работодавец од Вашингтон пријавил во полиција дека не дошла на работа.

– Нејзиниот сопруг Брајан ја излажал полицијата дека на 1 јануари, по новогодишната ноќ, Ана заминала од дома кон аеродромот каде имала лет за Вашингтон, велејќи му дека мора итно да се пријави на работа, бидејќи нешто итно се појавило. Истрагата утврдила дека на овој начин Волш купил време да ги отстрани трагите на злосторството, се сеќава изворот.

Треба да знаете
Последни објави