Халанд даде уште еден гол- Сити го презеде врвот, победи на Јунајтед и Њукасл

Фудбалерите на Манчестер Сити се нови лидери во англиската Премиер лига, откако многу потешко од очекуваното го совладаа Фулам на гости со 2-1. Дуелот започна одлично за “граѓаните“, бидејќи Халанд уште во 3-тата минута ги донесе во водство од 0-1.

Норвежанецот го постигне својот 34-ти гол во Премиерлигата и 50-ти вкупно оваа сезона во дресот на англискиот шампион. Со тоа го израмни рекордот на Енди Кол од 1993/1994 година и Ален Ширер од сезоната 1994/1995. Сепак, на Халанд за овој учинок му беа потребни 32 натпревари, а на Кол и Ширер по 42.

Сепак, радоста на Сити траеше само десеттина минути, бидејќи Карлос Винисиус израмни на 1-1 во 15-тата минута. Победничкиот гол за Манчестер Сити беше дело на Алварез во 36-тата минута од мечот.

Значајна победа во борбата за пласман во Лигата на шампионите забележа и Манчестер Јунајтед, кој на домашен терен ја совлада Астон Вила со 1-0. Единствениот погодок на “Олд Трафорд“ беше дело на Бруно Фернандеш во 39-тата минута.

И третиот фаворит од врвот на табелата во Премиер лигата, екипата на Њукасл, успеа да забележи победа. “Страчките“ беа подобри од Саутемптон со 3-1, откако гостите имаа водство на полувремето со 0-1 преку погодокот на Армстронг.

Калум Вилсон со два погодоци беше најзаслужен за пресвртот на Њукасл, а еден погодок си постигнаа и гостите во својата мрежа и тоа Тео Волкот.

Манчестер Сити сега е лидер на табелата со 76 бодови, еден повеќе од Арсенал кој има и натпревар повеќе. Њукасл и Манчестер Јунајтед цврсто ги држат позициите кои водат во Лигата на шампионите, односно се на третата и четвртата позиција со 65, односно 63 поени.

Треба да знаете
Последни објави