Перез победник за Големата награда на Азербејџан

Мексиканецот Серхио Перез ја освои во неделата Големата награда на Азербејџан кој се возеше во главниот град Баку, продолжувајќи ја доминацијата на тимот на Ред Бул оваа сезона во класата Формула 1.

Второпласиран беше неговиот клупски колега и актуелен светски првак, Холанѓанецот Макс Верстапен, додека како трет на целта стаса Шерл Леклер од Монако возејќи во болидот на Ферари а кој инаку трета сезона по ред во Баку ја започна трката од пол-позицијата.

Перез ја искористи помошта од безбедносното возило, откако Верстапен излезе од боксот, и ја оствари својата шеста победа во кариерата. Исто така, стана и првиот возач кој вторпат победил на трката во Баку.

Перез сега заостанува шест бодови зад Верстапен во генералниот пласман, со по две победи по четирите кола.

Во генералниот пласман после четирите трки води Верстапен со 93 бодови, Перез е втор со 87, додека Фернандо Алонсо од Астон Марти е трет со 60 бодови.

Следната трка во Формула 1 е следната недела во Мајами.

Треба да знаете
Последни објави