Тренерот на англискиот фудбалски премиерлигаш Арсенал, Микел Артета, подготвен е лично да ги води разговорите за ангажирање на играчот од средниот ред на Вест Хем, Деклан Рајс. Шпанецот планира средба со играчот по завршувањето на сезоната, а од раководството на Арсенал побарал акција веднаш штом ќе се отвори преодниот рок.
Играчот од средниот ред е главна цел на лондончани за претстојното лето. Арсенал е подготвен да плати 80 милиони евра за Рајс.
Репрезентативецот на Англија оваа сезона одигра 42 натпревари, постигнувајќи четири гола и три асистенции во дресот на Вест Хем.