Главниот бугарски обвинител Иван Гешев патувал со семејството во моментот на нападот на неговата колона, јавува агенцијата ПИК.
Гешев кратко и изјави на новинарката: „Добро сум. Се плашам за децата!“
Експлозијата се случила околу 11:45 часот на патот Софија – Самоков.
Според информациите на ПИК, покрај обвинителот, во колоната биле и неговата сопруга Детелина Ханчева и нивните ќерки Ивет и Далија.
Експлозивната направа експлодирала пред еден од автомобилите во поворката на јавниот обвинител. И покрај првичните информации дека е повреден обезбедувач на Иван Гешев, главниот секретар на МВР Петар Тодоров соопшти дека нема повредени.