Главниот обвинител на Бугарија бил цел на атентат, нападот извршен со 3 кг екплозив

Главниот обвинител на Бугарија бил цел на убиство, изјави заменик-главниот обвинител и директор на Националната истражна служба Борислав Сарафов на брифинг во врска со инцидентот со колоната на главниот обвинител Иван Гешев, што се случи рано денеска на патот меѓу градот Самоков и селото Ковачевци.

Тој нагласи дека не станува збор за заплашување, туку за атентат и нагласи дека нема жртви.

-Бомбата поставена на патот за да се разнесе колоната на обвинителот направила кратер со длабочина од 30-40 см и дијаметар од 3 метри, во близина на банкината. Огнениот столб бил 4-5 метри висок. Експлозијата беше јасно насочена кон патот и до автомобилите што минуваат. Бомбата имаше не помалку од 3 килограми еквивалент на ТНТ, имаше и повеќе фрагменти,
кои се заглавени во дрвјата. Бомбата била поставена со намера да убие, а не да се заплаши. Исклучително силна експлозија со шрапнели, нагласи Сарафов.

Во моментов се вршат увидни дејствија, вклучително и со кучиња трагачи, се бараат траги
од можни сторители.

-Очигледно исклучително професионално подготвен обид и добро изведен. Само
случајност го спасила јавниот обвинител и неговото семејство и голем број други луѓе,
кои во тоа време или малку пред тоа минувале по тој пат. Бомбата експлодирала токму во моментот кога автомобилот на јавниот обвинител се приближувал до местото, а возачот веднаш го завртел автомобилот во лево. Почнувајќи од сега
кривичната постапка што е поведена е по глава 1 од Кривичниот законик за терористички акт, рече Сарафов.

Треба да знаете
Последни објави