Додека Реал се сомнева, Егзум тренира со тимот на Партизан пред решавачките дуели во Белград

Шпанските медиуми пред утрешниот трет натпревар од четвртфиналната серија кој прв до три победи во кошаркарската Евролига, меѓу српскиот претставник Партизан и шпанскиот Реал Мадрид искажуваат сомнеж во повредата на Данте Егзум. Кошаркарскиот интеранционалец од Австарлија, Екзум најлошо мина во општата тепачка на паркетот во Мадрид. Заработи повреда по УФЦ зафатот од страна на домашниот кошаркар Гершон Јабуселе.

Партизан има водство од 2:0 во победи и со еден триумф од двата дуели во Белград ќе се палсира на завршниот турнир соопшти дека Егзум заработил сериозна повреда и ќе паузира подолг период. Во психолошката војна, која екипите ја водат преку медиумите Реал искажаа сомнеж и потенцира дека кошаркарот глуми подобро и од актерот Леонардо Ди Каприо.

-Докторите од сите страни на светот доаѓаат во Белград да го проучат случајот на Данте Егзум. Од одење на патерици со скинати лигаменти до тренинг без проблеми и настап во вторник. Одлична глума. Ова не му успеало ниту на Ди Каприо, пишува шпански новинар.

Во предиграта Партизан кој ќе има повеќе од 20.000 поддржувачи во арената „Штарк“ во Белград, им испрати охрбарувачка вест. Егзум го одработил целиот тренинг со екипата пред утрешниот натпревар (20.30 часот) и се очекува да му биде на располагање на трофејниот стратег Жељко Обрадовиќ.

Треба да знаете
Последни објави