Кари со 50 поени ги уништи Кингси и постави нов рекорд

Голден Стејт Вориорс победија како гости кај Сакраменто Кингс со 120-100 во решавачкиот, седми натпревар од првото коло на плеј-офот со победа од (4-3)и со тоа останаа во игра за одбрана на титулата освоена лани.

Херој на победата на Вориорс беше нивниот капитен Стеф Кари, кој постигна 50 поени- 20/38, 7/18 тројки и додаде осум скока и шест асистенции. НБА објави дека соборил рекордот. Никогаш досега ниту еден играч не постигнал толку поени во мајсторка, односно седмиот натпревар.
Заедно со Кари одличен натпревар одигра и центарот Кевон Луни кој собра 21 скок, од кои 10 офанзивни, а постигна 11 поени и четири асистенции.

Иако немаа добра шутерска вечер, Ендрју Вигинс придонесе со 17 поени и седум скока, Клеј Томпсон со 16 поени, а Дрејмонд Грин додаде осум поени и осум скока.

Актуелните шампиони направија пресврт во вториот дел, влегувајќи во игра со негатива од два поени (56-58). Сепак, во второто полувреме Кингси дадоа само 42 коша и примија 64, од кои 30 постигна незапирливиот Кари.

Најдобар стрелец на „кралевите“ на овој меч беше Домантас Сабонис со 22 поени, на кои додаде осум скока и седум асистенции. Де’Арон Фокс остана на 16 поени, а Малик Монк и Теренс Дејвис постигнаа по 14.

Вориорс нема да имаат премногу време за одмор, бидејќи првиот натпревар од конференциското полуфинале ги очекува ноќта меѓу вторник кон среда по средноевропско време (4 часот наутро), кога ќе му гостуваат на Лос Анџелес Лејкерс предводен од Леброн Џејмс.

Треба да знаете
Последни објави