Припадници на полицијата во Белград го уапсија Н.Ј.(21) поради сомнение дека ја нападна и се закануваше на новинарската екипа на ТВ Прва кај Ада Циганлија. Уапсениот млад човек е обвинет дека при снимањето на прилог за оваа телевизија и пришол на телевизиската екипа и сакал да го пробе снимателот со вилушка за скара. На осомничениот му е одреден притвор до 48 часа. Тој ќе биде изведен во Второто основно јавно обвинителство во Белград, заедно со кривична пријава за кривично дело насилничко однесување.
Исто така, денеска околу пладне на улицата Првомајска во Земун, маж ја нападнал новинарската екипа на РТС, навредувајќи и заканувајќи им се. Полициските службеници на ПС Земун интензивно работат на откривање и пронаоѓање на сторителот на овој напад.