Трагедијата ја потресе Франција. Вилфред Флорентин, 23-годишен боксер, е убиен во пукање пред кафуле во Париз.
Според Le Parisien, поранешниот европски јуниорски шампион бил застрелан во неделата наутро, по што бил пренесен во болница каде требало да биде опериран, но починал околу 18 часот.
-Запрепастена сум. Многу ми е жал. Штета. Тој беше татко на две деца. Најдобрата надеж на Франција. Вистинска драма. Работел како обезбедувач во кафуле. Го погодиле со два истрели во градите – изјавил промоторот Јохан Зауи кој бил во контакт со него.
Француската полиција се уште работи на откривање на мотивот зад оваа голема трагедија.
Познат и по прекарот „црн ѕвер“, Флорентин ја освои титулата европски јуниорски шампион во категоријата до 91 килограм во 2019 година.