Сампдорија не ја прифати оставката на Станковиќ

Српскиот фуд балски стручњак Дејан Станковиќ реши да поднесе оставка на тренерската позиција кај италијан скиот калчолигаш Сампдорија, но раководството на клубот истата ја одби.

Италијанските медиуми пренесуваат дека српскиот стручњак сакал да се повлече по последниот убедлив пораз на неговиот тим од Фиорентина (0:5), но челниците го убедиле дека постои простор за соработка до кракјот на сезоната.

Двете страни денеска одржале состанок на кој било разговарано за актуелната ситуација, по што било побарано од Станковиќ да остане и покрај фактот што Самп е фенерџија во Серија А и веројатно нема да обезбеди опстанок во италијанската елита.

Сепак, договорот е составот од Џенова да не се откаже се додека постојат теоретски шанси, а во моментов Сампдорија заостанува 10 бода зад Специја, првата екипа над друштвото од опасната зона.

Следен противник на избраниците на Станковиќ ќе биде Торино.

Треба да знаете
Последни објави