Турскиот борбен авион, чиј прототип неодамна беше завршен, го доби името КААН, објави турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.
Авионот, кој треба да ја замени сегашната флота F-16, досега беше познат како TAI TF-X и се развива од Турската воздушна индустрија (TAI).
Проектот за авиони од петтата генерација започна во 2016 година, а прототипот, кој беше завршен во март, беше претставен денеска на настанот „Век на иднината“ во Анкара, организиран од ТАИ, на кој присуствуваше и Ердоган.
Ердоган рече дека благодарение на овој авион Турција ќе биде една од само петте земји во светот што произведуваат борбени авиони од петта генерација.