Расправија која се случила по сообраќајна несреќа во скопската населба Камник кај селото Синѓелиќ, завршила со пукање, соопшти полицијата.
„Р.Ф.(48) од Скопје пријавил дека во населба Камник во селото Сингелиќ, Скопско по претходно случена сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „Голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од него, и патничко моторно возило „Мерцедес“, управувано од Б.С., настанала расправија помеѓу учесниците во сообраќајната незгода, по што пријавителот и неговиот син Б.Ф.(22) биле физички нападнати од Б.С., Ј.С. и Т.С., кој притоа извадил пиштол и испукал еден куршум во воздух“, објави МВР.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.