Околу 200 припадници на американските безбедносни сили бараат маж обвинет за убиство на пет соседи во градот Кливленд, Тексас, а се нуди награда од 80.000 долари за информација што ќе доведе до негово апсење.
38-годишниот Франциско Оропеса беше обвинет за убиство на пет лица, меѓу кои и осумгодишно момче, објави Ројтерс.
Оропеса е осомничен за убиството во петокот вечерта од соседите кои претходно побарале од него да престане да пука со пушката АР-15 бидејќи истрелите го разбудиле бебето.
-Засега немаме никакви траги за него – изјави во неделата специјалниот агент на ФБИ Џејмс Смит од Хјустон.
Шерифот на округот Сан Хасинто, Грег Кеперс, рече дека повеќе од 200 безбедносни сили одат од врата до врата во потрага по осомничениот, прашувајќи ги граѓаните на патот дали имаат информации за Оропеса.
Американските власти нудат награда од 80.000 долари за информации кои ќе доведат до апсење на осомничениот.
Кеперс рече дека две жртви, за кои се верува дека се од Хондурас, биле пронајдени како лежат над двете деца во обид да ги заштитат.