Путин нареди итна евакуација – во Судан испратени четири воено-транспортни авиони

Четири воени транспортни авиони „ил-76“ на руските воздушни сили евакуираат над 200 луѓе од Судан.Таму во тек се вооружени конфликти, соопшти Министерството за одбрана на Русија.

Одлуката за евакуација ја донел претседателот на Русија, Владимир Путин.

„Министерството за одбрана на Русија ги евакуира од Судан вработените во руската дипломатска мисија, претставници на Министерството за одбрана на Русија и членовите на нивните семејства, државјани на Русија, земји од Комонвелтот на независни држави и голем број пријателски странски земји, кои побараа помош да се вратат во своите земји“, се наведува во соопштението.

Од 15 април во Судан се водат борби меѓу силите за брза реакција под команда на Мухамед Хамдан Дагл и редовната армија.

Според Министерството за здравство на таа земја, во конфликтите досега загинале 600 лица. Сепак, претставникот на СЗО во земјата соопшти дека загинале 459 лица, а ранети се над 4.000 луѓе.

Треба да знаете
Последни објави