Саутгејт со најсилен состав ќе атакува на прва домашна победа против Македонија

Селекторот на фудбалската репрезентација на Англија, Герет Саутгејт најави дека за претстојните квалификациски натпревари од групата за пласман на ЕП-2024, против Македонија и Малта ќе ги повика најдобрите играчи. Саутгејт нема намера да ги послуша клубовите кои му вршат притисок за овие дуели со аутсајдерите во групата да одмори дел од играчите кои во текот на сезоната одиграле голем број на мечеви на клупската сцена.

-Нашата цел е по четири одиграни натпревари вцо групата да освоиме 12 бода и во вториот круг да влеземе со максимален учинок. Патем мора да се признае дека Англија се уште не ја совладала Македонија на домашен терен. Мора да се потенцира дека Македонија ја елиминираше Италија од баражот за настап на Светското првенство и затоа нема простор за калкулации и мораме да играме на највисоко ниво и со најдобриот тим, изјави Саутгејт на средбата со ученици од Лидс која се емитуваше на британскиот Канал 4.

Македонија против Англија ќе игра на 19 јуни. Гордиот Албион ќе биде домаќин во Манчестер каде веќе еднаш Македонија во „театарот на соништата“ одигра 0:0, а на премиерното соочување во Саутемптон беше 2:2.

Македонија во новиот квлаификацикси циклус и гостува на Англија на 19 јуни.

Треба да знаете
Последни објави