Манчестер сити ќе го пушти Бернардо Силва ако посака да си замине

 Актуелниот шампион во англиската фудбалска премиерлиогашка конкуренција Манчестер сити е подготвен да се раздели со Бернардо Силва во летниот преоден рок.

Според „90мин“ „Граѓаните“ се подготвени да го пуштат 28-годишниот Португалец, но само доколку за него добијат обесштетување од 75 милиони фунти. За играчот се заинтересирани Барселона и ПСЖ.

Силва оваа сезона забележа 47 настапи во сите натпреварувања, постигнувајќи пет гола и седум асистенции.

Треба да знаете
Последни објави