Албанскиот претседател ќе присуствува на крунисувањето на британскиот крал Чарлс трети

Албанскиот претседател Бајрам Бегај ќе присуствува на церемонијата на крунисувањето на британскиот крал Чарлс и кралицата Камила, јавија албанските медиуми.

Веста ја соопшти и амбасадорот на Велика Британија во Албанија, Аластер Кинг-Шмит
кој пишува дека е “среќен што Бегај им се придружува на светските лидери на овој настан”. 

– Се сретнав со претседателот Бајрам Бегај пред неговата посета на Британија за да присуствува на крунисувањето на кралот Чарлс III и кралицата Камила, како доказ за силните односи меѓу Британија и Албанија. Среќен сум што претседателот Бегај ќе им се придружи на светските лидери да го одбележат овој историски настан, напиша тој.

Британскиот крал Чарлс Трети ќе биде крунисан на 6 идниот месец што е е прво крунисување во последните 70 години, откако на тронот седна неговата мајка, покојната кралица Елизабета Втора.

Треба да знаете
Последни објави