Почина кошаркарската легенда Дамир Шолман

По долго боледување, денеска на 74-годишна возраст почина Дамир Шолман, поранешна ѕвезда на некогашната југословенска кошарка и најдобар стрелец во историјата на сплитскиот клуб Југопластика (денешен Сплит).

Иако роден во Загреб, Шолман ја помина речиси целата кариера во дресот на Југопластика, со која двапати беше државен првак и останува најдобриот стрелец во историјата на клубот со постигнати 5.783 поени. Со Југопластика во 1973 година играше во финалето на Купот на куп победниците, додека во 1976 и 1977 со сплитскиот тим славеше во тогашниот Куп Радивоје Кораќ. Две години играше и во Италија, пред да се врати во Сплит, каде што ја заврши кариерата во 1983.

Со репрезентацијата на СФР Југославија освои сребрени медали на ЛОИ 1968 година во Мексико и во 1976 година во Монтреал, каде што соиграч му беше македонската легенда, Благоја Георгиевски-Буштур. Истовремено, со „сините“ двапати беше светски шампион, а еднаш вицепрвак на Мундобаскетот.

Треба да знаете
Последни објави