Реал во Белград го чека пекол !

Трофејниот кошаркарски клуб Реал Мадрид тргна во „патот на пеколот“ е заедничката констатција на шпанските највлијателни спортски весници пред денешниот трет четвртфинален натпреавр од Евролигата со Партизан во Белград (20.30 ч.). Серијата се игра во три добиени, а Партизан по двата дуели во Мадрид води со 2:0 во победи. Атмосферата дополнително е подгреана поради тепачката на теренот во Мадрид на крајот од вториот натпревар, кој им припадна на „црно-белите“ со убедлив триумф, иако беше прекината на 100-секунди пред крајот. Поради овој податок Реал Мадрид побара и дополнително обезбедување, а љубителите на кошарката во Србија влезница повеќе.

Партизан ќе има две меч топки да стигне до завршниот турнир во Каунас. Навивачите на „црно-белите“ веќе најавија дел од идеите кои ги подготвуваат за пречекот на Реал во „Штарк арена“.

Партизан вчера објави дека преку системот за продажба на влезниците било забележано дека има 1.600 барања во секунда што е неверојатна побарувачка дури и за пославни и потрофејни клубови во Европа и светот. Директорот на белградска Арена, Горан Грбовиќ тврди дека организацијата на вечерашниот натпревар му е најтешка откако е на оваа функција. Се очекува рекорден број гледачи да се најдат во салата.

-Арената има свои технички можности, тука се и правилата на Евролига, но и Партизан како домаќин има сопствена конфигурација за организација. Висок е степенот на безбедноста, сметаме дека ова е вонредна ситуација, па ќе го зголемиме и бројот на редари и обезбедување. Во салата ќе бидат присутни околу 25 илјади лица, тука спаѓаат и обезбедување, полиција, жандармерија и останати луѓе кои ќе се занимаваат со сервисни работи, но сепак далеку најмногу ќе бидат навивачите, вели Грбовиќ.

Треба да знаете
Последни објави