Одличниот ученик (14) кој денес дојде во училиштето вооружен со пиштолот на татко му и изврши масакр во кој уби 8 деца и чуварот во училиштето бил уапсен во училишниот двор. Како што пренесуваат српските медиуми при апсењето изговорил само една реченица: „Пукав затоа што сум психопат“.
Инаку, К.К. бил мирен, не покажувал емоции и не давал отпор при апсењето, пренесуваат медиумите..
Полицајците му рекле да го спушти оружјето и да ги стави рацете на главата и да легне на подот, тој без отпор ги послушал нивните наредби.
Порталот Ало објави и фотографија од полицијата како го претресува неговиот ранец. Во тек е претрес во неговиот дом по што неговите родители ќе дадат изјава пред обвинителот.
Девојче кое побегнало од училницата во која ученикот го извршил масакрот за српските медиуми изјавила дека тој бил одличен ученик, бил кандидат за ученик на генерацијата, го посетувал VII/2 одделение.
Како што открила девојката за Информер, момчето сакало да го смени класот пред масакрот, сакал да остане во истото училиште, но не во истото одделение. Беше примерен ученик, одеше на натпревар по математика и историја, а неговите родители се здравствени работници.
Како што раскажува девојчето, прво го застрелал чуварот директно во срцето, а потоа влегол на час по историја и стрелал во целото одделение, а како што вели девојчето, прво пукал во дежурната наставничка.
– Носеше ранец полн со некои работи, сите се плашеа да не излезе во училишниот двор за време на одмор, бидејќи тогаш ќе имаше уште многу мртви – изјавило девојчето.
Ученикот кој го изврши крвавиот масакр каков не памети Србија, е син на докторот Кечмановиќ, познат радиолог, поради што веднаш во тамошната јавност и медиумите се отвори прашањето, што прави лекар со два пиштола и со толку муниција !?