Италијанскиот фудбалски калчолигаш Интер планира разделба со тренерот Симоне Инзаги по завршувањето на сезоната. Само титулата европски првак може да го спаси oд отказ, тврдат медиумите на Апенините.
Инзаги нема да се спаси ниту ако го елиминира Милан и потоа го загуби финалето во ЛШ, а да го освои Купот на Италија каде „нероаѕурите“ се финалисти и ќе се сретнат со Фиорентина.
Директорот Бепе Марота интензивно бара нов тренер затоа што сака Интер да ја промени формацијата за следната сезона. Инзаги своевремено беше доведен како наследник на Антонио Конте, токму затоа што форсира иста формација, 3-5-2. Сега клубот сака тоа да го промени.
Покетино се договори со Челси, Де Зерби има договор со Брајтон, а и Консеисао има клаузула која Интер не е подготвен да ја плати за да го доведе на „Џузепе Меаца“.
Се споменува Тијаго Мота, но најверојатно одлуките ќе следат по завршувањето на сезоната.