Олимпијакос го совлада Фенербахче со 72-71 и поведе со 2-1 во четвртфиналната серија на Евролигата. Решавачкиот поен го постигна Костас Слукас во последната секунда од мечот и со тоа ја донесе победата за грчкиот тим. Слукас пет сезони го носеше дресот на Фенербахче, со оваа екипа во 2017 година ја освои Евролигата, а вечерва ги натажи навивачите на тимот од Босфорот.
Фенер имаше и девет поени предност на шест минути пред крајот (60-51), но потоа на сцената стапи Слукас кој беше нерешлива загатка за домашниот тим.
Кај Олимпијакос, Слукас постигна 25 поени и шест асистенции, а Саша Везенков постигна 17. Во екипата на Димитрис Итудис најефикасен беше Тајлер Дорси со 21 поен.