Ученик во седмо одделение во ОУ „Владислав Рибникар“ во Белград утрово уби девет лица, од кои осум ученици и еден чувар.По масакрот полицијата го уаспила убиецот.
Како што дознава Новости, седмоодделенецот кој го изврши масакрот во основното училиште „Владислав Рибникар“ во кој уби неколку лица, прво пукал во чуварот, а потоа и во учениците кои биле во ходникот.
Се претпоставува дека бил под дејство на наркотици. Инаку, ученикот кој го изврши масакрот во училиштето бил примерен ученик и е дете на здравствени работници.
Како што дознава Новости, меѓу повредените има повеќе лица.
Момчето кое го изврши масакрот вчера било на роденден на школски другар, потврдија за „Новости“ од неговото одделение.
Учениците кои биле на истата роденденска забава велат дека сторителот на масакрот на забавата се однесувал сосема нормално, односно нормално и кај него не забележале ништо што би предизвикало сомнеж дека нешто не е во ред.