Од утре до 7 мај, во организација на Скопје Сити Мол и во соработка со Занаетчиска комора Скопје ќе бидат отворени „Денови на филигранство и накит”, четиридневен настан на кој ќе се претстават дури 23 „артизанс” индивидуалци – уметници.
Филигранот е дел од македонското културно наследство, кое треба да го заштитиме, а уметничките форми накит на овие креативци се спој на традиционалното со модерното.
Идејата е да се оживеат традиционалните културни вредности, преку брендиран филигрански накит, по кој е препознатлива нашата земја. Наедно на настанот ќе има широка лепеза и од современ накит.
Ова е единствена можност на едно место да се видат рачно изработени уметнички форми на накит од сребро, бакар, челик, преку епоксидна смола, чисто сребро 925, полимерна глина, до керамика, плексиглас и мурано стакло.
Најголем дел од креативците изработуваат филигран, како најделикатна и елегатна форма на накит, а ќе се претстават и учесници кои создаваат шарени и весели приказни во форма на накит за стилски сонувачи и храбри луѓе.
Во секој детаљ на уникатните парчиња накит е втиснат креативниот, искуствен и авторски труд на овие 23 уметници.
Настанот ќе се случува четири денови на приземјето на Скопје Сити Мол и ќе се претстават следните артизани:
Катарина Дода – „KD Jewelry”, Светлана Ивановска – „Арт Студио С”, Кристина Мауровска Темкова – „Студио Кристина”, Елена Поповска –„Мај Прешс”, Марина и Елена Јакшиќ „Ателје Сиена”, Александра Атанасовска – „МОRPHO”, Маја Донева, Миранда Дема – „Coral Jewelry”, Јулијана Илиевска – „Џули Декупаж”, Марта Пејоска, Лада Шоптрајанова Петровска – „Filigree LARGO”, Милица Гавриловска – „Equilibrium.fine.arts”, Елеонора Дулјанова – „Small piece of joy”, Марија Таировска – „Marcy’s handmade”, Емина Амит – „Ателје Месечина”, Ивана Кондратенко – „ARTNOK”, Милена Станковска – „BRUMA”, Татјана Богоевска и Борче Богоевски – „Керакамика”, Данче Наумоска – „КОППЕР АРТ”, Дијана Тодоровски – „Добро ми Стои”, Катерина Јовановска – „Stardust Kejt Rakotvorbi”, Блашка Миева –„Freya Fashion Jewellery” и Ибро Ибраим – „Филигран Ибро”.