Оваа година Џоел Ембиид убедливо победи на изборот за МВП на сезоната во НБА пред Никола Јокиќ.
Камерунецот имаше одлична сезона, тој беше водечки стрелец во лигата со 33,1 поен по натпревар, заедно со 10,2 скока, 4,2 асистенции и 1,7 блокади. Тој додаде и 66 тројки и 66 украдени топки.
Центарот на Филаделфија доби 73 од 100 гласови за прво место од панелот на радиодифузери и новинари за вкупно 915 поени. Јокиќ го освои второто место со 15 првопласирани гласови и 674 поени.
Изборот предизвика многу коментари, а наијинтересен е тој на новинарот Ерик Гудман, кој не се согласува со победата на Ембид.
-Ембиид е одличен играч, но Јокиќ требаше да биде МВП. Сите што гласаа не мислеа дека е правилно Јокиќ да победи три години по ред, што не е причина да гласаш за некој друг. Ембид плачеше како бебе за цуцла две години, но конечно го доби она што го сака“, напиша Гудман на својот Твитер профил.