Вардар доби шанса да му се реваншира на Алкалоид во полуфиналето од Купот на Македонија

Во просториите на Ракометната федерација на Македонија, попладнево беше извршена ждрепката за полуфиналето на националниот куп во машка и во женска конкуренција.

Двојките кај мажите се:
Вардар – Алкалоид
Еурофарм Пелистер – Тинекс Пролет

За пласман во финалето во женска конкуренција ќе се соочат:
Вардар – Ѓорче Петров
Металург – Куманово

Натпреварите од завршниот, „Фајнал фор“ турнир од Купот на Македонија оваа година ќе се играат во Охрид од 11 – 13 мај. Бранител на трофејот кај мажите е Вардар, а кај ракометарките ЖРК Металург. 

Треба да знаете
Последни објави