Италијанските медиуми пренесуваат дека шведскиот напаѓач, кому му истекува договорот со Милан, кариерата ќе ја продолжи во редовите на друг италијански прволигаш.
Tuttomercato пишува дека Ибрахимовиќ веќе постигнал усмен договор со Монца, која е во сопственост на поранешниот италијански премиер и поранешен сопственик на Милан, Силвио Берлускони.
По последната повреда на Ибрахимовиќ, се чини дека Милан одлучи да не му понуди нов договор. Самиот Швеѓанец претходно изјави дека се уште не сака да ја заврши кариерата, но Газета дело Спорт наведува дека Милан ќе бара нов, помлад напаѓач.
Сè укажува дека оваа сезона за Ибрахимовиќ ќе биде последна во редовите на Росонерите, а Монца му нуди да остане меѓу италијанската елита.
Ибрахимовиќ на почетокот на октомври ќе го прослави својот 42 роденден, а професионалната кариера ја започна далечната 1999 година во Малме.
Во Италија ги бранеше боите на Јувентус, Интер и Милан во кој се врати во 2020 година од ЛА Галакси. Дали Монца ќе биде неговиот четврти различен клуб во Серија А и десетти различен во неговата кариера?