Израелски војници денеска убија тројца Палестинци осомничени за напад во беа убиени три Израелки, соопшти израелската армија.
Како што е наведено, во април тие Палестинци убија мајка и нејзините две ќерки во напад на возило во близина на еврејска населба на Западниот Брег.
Војниците рано утринава влегле во градот Наблус, честа сцена на насилство, и во жестока пресметка убиле тројца осомничени, од кои двајца биле поврзани со Хамас.
Палестинското Министерство за здравство го потврди убиството на три лица, но не ги идентификуваше, а израелската армија ги објави нивните имиња.
Конфликтот во Наблус избувна во чувствителен момент, неколку дена по смртта на палестинскиот затвореник, истакнат член на Исламскиот џихад, кој штрајкуваше со глад речиси три месеци.
Неговата смрт предизвика низа ракетни истрели од Појасот Газа и израелски воздушни и копнени напади во кои загина еден Палестинец.
Израелските сили речиси секоја ноќ влегуваат во градовите и селата на Западниот Брег за да апсат осомничени екстремисти по бранот палестински напади врз Израелците пред една година.
Околу 250 Палестинци се убиени од израелски оган од почетокот на ваквите рации.
Израел тврди дека повеќето од убиените биле екстремисти, но биле убиени и млади мажи кои фрлале камења и оние кои не биле вклучени во судирите.
Во исто време, речиси 50 луѓе беа убиени во палестинските напади врз Израелците.