Институт за национална историја:Промоција на Зборникот на трудови „150 години од раѓањето на Гоце Делчев”

Имаме особена чест да Ве поканиме на свечената промоција на Зборникот на трудови „150-години од раѓањето на Гоце Делчев”, во издание на Институтот за национална историја, која ќе се одржи на 4 мај, во свечената сала на Македонската академија на науките и уметностите, со почеток во 13:00 ч.

На промоцијата свое пригодно обраќање ќе има Академик Љупчо Коцарев, Претседател на Македонската академија на науките и уметностите, како и проф. д-р Катерина Тодороска која ќе го промовира Зборникот.

Зборникот содржи реферати од 35 еминентни професори и научници од земјата, во кои научно е елабориран неспорниот придонес на Гоце Делчев во создавањето на современата македонска држава, кој е трајно вграден во колективната меморија и традициите на македонскиот народ и претставува фундаментот на македонската нација.

Треба да знаете
Последни објави