Серија А има нов шампион! Фудбалерите на Наполи одиграа нерешено на гостувањето кај Удинезе и зграпчија бод вреден титулата со која слават на пет кола пред крајот на шампионатот.
Не беше лесно, откако минатата недела ја пропуштија првата меч топка, фудбалерите на Лучијано Спалети и овојпат имаа проблеми.
Домашните поведоа во 13. минута преку Ловриќ, додека гостите израмнија во 52. преку Осимхен, што се покажа како конечен резултат.
Ова е прва титула за Наполи по 33 години.
Ова беше трета шампионска титула за клубот од стадионот „Диего Армандо Марадона“, шест пати беше шампион во Купот на Италија, а го има и трофејот во Лига Европа (1988/1989).
На улиците на Неапол се подготвува голема прослава и не треба да чуди зошто е тоа така, бидејќи од последната титула поминаа 33 години.
Наполи сега има 80 бода, 16 повеќе од Лацио, а во Серија А остануваат уште пет кола.