Соединетите Американски Држави соопштија дека го прекинуваат „до понатамошно известување“ испраќањето храна како хуманитарна помош во регионот Тиграј во северна Етиопија поради проневера на таа помош.
Тиграј е опустошен од катастрофална суша и воени конфликти.
„Донесовме тешка одлука да ја запреме сета помош во храна за регионот Тиграј до понатамошно известување“, наведе во соопштението администраторката на УСАИД, Саманта Пауер.
Според неа, тоа е направено затоа што дел од оваа помош е „пренасочена и продадена на локалниот пазар“.
Претходно, ваквата помош беше суспендирана од Светската програма за храна на Обединетите нации поради истата причина.