Србија е обвиена во црно по масакрот што се случи во основното училиште „Владислав Рибникар“. Теориите за мотивите на 13 годишниот ученик кој го изврши грозоморен чин во кој животот го загубија осум соученици и чуварот, а меѓу ранетите беше и една наставничка, се различни. Се поставуваат прашања зошто и како никој не забележал промени во однесувањето на убиецот пред да го изврши свирепото убиство.
Пријателите блиски до семејството на Коста К. се сомневаат дека тој бил под влијание на црна магија или секта, пишува ПИНК.
-Коста беше примерно дете и одличен ученик и дека никогаш досега не покажувал знаци на насилство или агресија. И неговите родители биле шокирани од овој настан и не можеле да објаснат што може да биде причината за овој чин, наведуваат тие.
Иако многумина се скептични за тврдењата за црна магија или култови, овој настан потсетува дека луѓето понекогаш се склони да веруваат во чудни и темни работи.
Без разлика дали Коста бил под влијание на црна магија или не, овој ужасен настан остава траен белег на жртвите, нивните семејства и заедницата.
Сега се поставува прашањето – дали овој настан можеше да се спречи? Многумина посочуваат дека на семејствата треба да им се даде помош и поддршка за да се избегне ваква трагедија.