По невидена трагедија која се случи во ОУ „Владислав Рибникар“ во Врачар, кога ученик од 7-мо одделение уби 8 ученици и чистачка, а повреди шест врсници и една наставничка, по наредба на Вишото јавно обвинителство во Белград, таткото на извршителот е приведен и одреден му е притвор до 48 часа, поради сомнение дека сторил кривично дело Тешки дела против општата безбедност.
Според Кривичниот законик, затворската казна за ова дело е од шест месеци до дванаесет години. Но, како што тврди адвокатот Иван Симиќ, малолетникот и неговите родители не можат да одговараат за крвавиот настан.

Според Кривичниот законик, затворската казна за ова дело е од шест месеци до дванаесет години. Но, како што тврди адвокатот Иван Симиќ, малолетникот и неговите родители не можат да одговараат за крвавиот настан. Тој не одговара кривично. Професијата и науката се јасни. Дете под 14 години не одговара кривично – вели Симиќ.
На прашањето кој ќе одговара за кривично дело што Србија не го памети, тој вели дека нема основа врз која некој од семејството може да одговара доколку оружјето се чувало на безбедно место.
Како треба да одговара некој од семејството, врз која основа? За што треба да одговара, што не го воспитал добро? Родителот не може да биде одговорен ако пиштолот бил во сеф. Ако не бил безбедно чуван и ако детето имало пристап до пиштол може да одговара – забележува адвокатот. Тој додава дека како општество треба да се запрашаме во која насока одиме, и дека причината за трагедијата е многу подлабока од прашањето дали таткото ќе одговара пред законот.
Не можат да одговараат за тоа што го направило нивното малолетно дете – заклучува Симиќ.
Да потсетиме, како што беше соопштено на вонредна прес-конференција, осомничениот за масакрот детално го испланирал убиството. Според началникот на Полициската управа за град Белград Веселин Милиќ, К.К.(13) го планирал убиството еден месец, а во неговата соба на масата полицијата пронашла список на ученици и скица од училиштето кое наликува на цртеж од видео игра.
Освен оружјето, осомничениот за масакрот со себе имал и четири молотови коктели.