Полицијата го уапсила таткото на малолетниот ученик, кој утринава, по едноминутното молчење, извадил пластичен пиштол во Основното училиште „Јефимија“ во Обреновац.
Со него во полиција отишол и син му, пишува „Телеграф“.
Во основното училиште „Јефимија“, во населбата Ројковац во Обреновац, момче (13) го искористило моментот во утринските часови кога наставничката излегла од училницата, па извадиле пиштол (за кој подоцна било утврдено дека е пластичен) од неговиот ранец, веднаш по минутата молчење и само еден ден по масакрот во ОУ „Владислав Рибникар“.
Според извори блиски до истрагата, тој прво го покажал на друго лице, кое потоа предолжило да ја фрли „играчката“ во корпата за отпадоци.
Но, на пат бил запрен од друг ученик, кој му го зел пиштолот од раце и почнал да мавта низ училницата, при што децата се исплашиле, а почнале пискотници.
Само со присебноста на училишниот полицаец и класниот раководител ситуацијата се смирила, а наставата продолжила нормално.
Истрагата е во тек.
— Дамир Окановић (@DamirOkanovic) May 3, 2023