Вучиќ бара воведување на смртна казна

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, утрово од Претседателството на Србија заедно со членовите на Владата на Србија се обрати во врска со страшните злосторства што ја потресуваат Србија во последните три дена.

Претседателот во таа прилика истакна дека побарал враќање на смртната казна, но премиерот и Владата го одбиле, велејќи дека заедно со Белорусија ќе бидеме единствената таква земја во Европа.

Покрај смртната казна, претседателот меѓу другото побара и нови мерки:

1.200 нови полицајци ќе бидат распоредени во училиштата
поголема безбедност во училиштата
одземање на оружјето
огромни казни
драконски мерки
Вучиќ најави дека овие несреќи што се случија се најголеми за нас, иако територијално или бројчано не сме голема држава и дека ќе мора да спроведеме мерки кои ќе дадат резултат.
Претседателот и нареди на српско МВР сите лица кои поседуваат нелегално оружје да го предадат во текот на следниот месец или ќе следуваат брутални санкции.

Треба да знаете
Последни објави