Повторно трагедија во Србија, кај Младеновац десет луѓе убиени, 15 ранети 

Десет лица се убиени, а 15 се ранети во престрелката што се случи вечерва во селото Дубони кај Младеновац.

Обвинетото лице на 21 годишна возраст бил во училишниот двор со другарите, се скарале, а потоа отишол до својот дом, земал најверојатно автоматска пушка и започнал со крвавиот пир.

Како што соопшуваат медиумите, напаѓачот од автомобил во движење, кој претходно го украл, пукал во минувачи, при што прво убил три лица – две машки и едно женско, а ранил девет. Меѓу повредените имало и деца.
Убиени се полицаец (20) и неговата сестра. Третото лице (21) им подлегнало на повредите по престрелката кај Младеновац.

Како што соопшти МВР, активирана е акцијата Вихор, а сторителот Урош М.(21) е во бегство и по него е распишана потерница. Сите расположливи патроли беа испратени во правец на Младеновац и Мали Пожаревац.

Како што пишува Телеграф, Урош М. побегнал низ две села и во таа прилика застрелал 18 лица. Според Телеграф десет лица се убиени во два села крај Младеновац.

-Урош Б. од својот автомобил „мерцедес“ по случаен избор посеал смрт. Со автоматска пушка пукал во деца, млади и жени, пишува Телеграф.
Во близина на населбата Шепшин имало уште едно пукање, во кое полицијата најверојатно го стигнала избеганиот убиец и го опколила напаѓачот кој претходно побегнал од местото на нападот, а тој одбива да се предаде. Отворил оган врз припадниците на полицијата, а хеликоптер го прелетува подрачјето,јавуваат белградските медиуми.

Полицијата и итната помош се уште се на терен.
Како што соопшти Еуроњуз Србија од Младеновац, жителите се затвориле во своите куќи и во локалните кафулиња, а низ населбата одекнуваат лелеци, сирени на брзата помош и на полицијата.

Треба да знаете
Последни објави